Се потешко е за францускиот ас во Барселона, навивачите му пееја: Разбуди се Гризман, не биди кловн (Видео)

Антоан Гризман доживеа непријатни моменти при доаѓањето на денешниот тренинг на Барселона, а навивачите го дочекаа со навреди и му пееја: „Разбуди се Гризман, не бид кловн“.

https://twitter.com/ElGolazoDeGol/status/1431241336615628807?s=20

Гризман пристигна во Барселона во 2019 година како големо засилување од Атлетико Мадрид во трансфер што ги чинеше Каталонците 120 милиони евра, но не ги исполнува очекувањата на навивачите.

Во двете сезони што досега ги одигра за Барселона, францускиот репрезентативец освои само еден пехар, тој во шпанскиот куп во ланското издание кога беше победен Атлетик Билбао.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести