Се повлече фудбалерот кој е рекордер по број на настапи во Премиер лигата

Фудбалерот Герет Бери, кој е рекодер по број на настапи во англиската Премиер лига, објави дека ја завршува кариерата. Легендарниот Бери во Премиер лигата одигра дури 653 натпревари, има 39 години, а последен клуб му беше Вест Бромвич Албион.

Бери во 22-годишната кариера играше за Астон Вила, Манчестер сити, Евертон, ВБА, и одигра 833 меча, од кои рекордни 653 (21 повеќе од вториот Рајан Гигс) во Премиер лигата, а постигна 67 гола. За англиската репрезентација имаше 53 настапи во периодот од 2000 до 2012 година, играше на Мундијалот во 2010. Во 2012 година ја освои Премиер лигата со Сити, а една година порано освои ФА куп.

Освен рекордот по број на одиграни мечеви во Премиер лигата, Бери ги држи рекордите и по број на добиени жолти картони (119).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести