Се повреди фудбалерот што никогаш не одиграл цел меч за Австрија – Шепф не игра против Македонија

Алесандро Шепф нема да игра против Македонија откако играчот на Шалке 04 се повреди во саботата, на дуелот меѓу неговиот клуб и Фортуна Дизелдорф.

На негово место Франко Фода го повика играчот на ЛАСК Линц, Рајнолд Ранфл, кој е дебитант и тоа на 27-годишна возраст.

Шепф не играше на ниту еден меч во квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година и неговото отсуство нема да биде голем хендикеп за Австријците и против Македонија на први ноември, но интересна е фудбалската приказна на 25-годишниот играч за врска.

Шепф има вкупно 23 настапи за националната селекција, но ниту еднаш не одиграл цел меч. Најчесто како резерва влегувал во игра или ако бил стартер, бил заменуван во второто полувреме. Има постигнато 24 гола, а неверојатната низа од 23 меча без цела 90-ка на терен нема да ја урне ниту против Македонија бидејќи е повреден.

 

- Оглас -

Најнови вести