Се продадоа сите карти за историскиот дуел Македонија – Исланд

Македонската фудбалска репрезентација ќе има голема поддршка од трибините на арената „Тодор Проески“, за мечот против Исланд, кој треба да го добиеме за да бидеме сигурни втори и за прв пат во историјата да обезбедиме место во бараж за пласман на Светско првенство.

Во продажба беа пуштени 17.000 билети за сите четири трибини на најголемиот стадион во Македонија, а во продажба веќе нема влезници за историскиот меч.

- Оглас -

Најнови вести