Се разбуди од кома, па му беше раскинат договорот со Ајакс!

Раководството на Ајакс нема да му го продолжи договорот на младиот свој фудбалер Анделхак Нури (22), кој пред неколку дена излезе од кома, состојба во која беше две години и девет месеци откако на меч со Вердер во 2017 година доби срцев удар, а претрпе и оштетување на мозокот.

Додека Нури беше во кома, холандскиот гигант му плаќаше плата на семејството, но договорот истекува летово со опција за продолжување за уште 12 месеци, но таа опција нема да биде активирана. Од Ајакс на семејството на Нури му нудат компензација од 5 милиони евра, додека тие бараат 10 милиони. Нури конечно може да комуницира и закрепнува добро, но нема ништо од ветувањето дека до крајот на животот ќе добива пари од Ајакс, па сега во тек е ценкање околу сумата која ќе ја добие еднократно.

- Оглас -

Најнови вести