Се разбуди Вардар и го скрши отпорот на Татран

Вардар ја запиша седмата последователна победа во СЕХА-лигата. На домашен терен Црвено-црните го надиграа словачкиот состав на Татран Прешов со 28:26 (13:17). Европскиот првак избегна изненадување во СЦ „Јане Сандански“ бидејќи гостите беа на ниво во првите 30 минути и заслужено го имаа водството.

Сепак, ракометарите на Кокшарев се консолидираа, па во вториот дел го задржаа нападот на Татран само на девет гола. Одличното издание на Гедбан во второто полувреме беше исто така клучно за Вардарци да го остварат пресвртот, Алжирецот заврши со 8 интервенции, додека Атман, Чупиќ и Шишкарев придонесоа со по пет гола во вкупно осмиот триумф во меѓународното натпреварување за оваа сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести