Леташе цепелин, имаше и гол „А-ла Лазаров“ – Македонија го одигра најдоброто полувреме против фаворит на Мундијалот

Кирил Лазаров одлично ги предводи македонските ракометари на последниот меч на Мундијалот во Египет, а Македонија го одигра најдоброто полувреме на турнирот и има нерешени 14:14 против Белорусија по 30 минути игра.

Капитенот постигна шест гола во првиот дел и стандардно беше лидер во нашата репрезентација.  Во средината на првото полувреме постигна гол во негов стил, а потоа учествуваше и во извонредната акција што заврши со цепелин.

Имавме предност од 5:3, но Белорусите, кои се апсолутни фаворити на мечот, успеваа да ја стасаат негативата, но не и да бидат во позитива по завршувањето на првото полувреме.

Одлично бранеше Николче Митревски, особено во финишот на првото полувреме, па Македонија има добар резултат по 30 минути игра.

Досега само против Чиле бевме во позитива во едно полувреме, на тој меч го добивме вториот дел со 16:12.

- Оглас -

Најнови вести