Се редат признанија за „дијамантот“ – Елмас во идеалниот тим млади играчи во Калчото

Елиф Елмас доби ново признание и е избран во идеалниот тим составен од највредните млади играчи во италијанската Серија А според „Трансфермакет“.

Познатиот интернет-сајт го состави идеалниот тим според вредноста на играчите, а Елмас е во друштво со големите таленти од Калчото.

Најскап е стоперот Матајс де Лихт од Јувентус со 75 милиони евра, по него е италијанскиот репрезентативец Кјеза со 60 милиони евра, а место има и за Елмас со 17 милиони евра. Тоа е цената што ја плати Наполи летово за македонскиот репрезентативец при трансферот од Фенербахче, а според „Трансфермакет“ цената на Елиф постојано расте.

Еве го најскапиот тим во Серија А, составен од млади играчи:

- Оглас -

Најнови вести