Се сеќавате ли на еден од најбизарните автоголови – Пиплица беше во главна улога (Видео)

Томислав Пиплица повеќе од 10 години го бранеше голот на Енерџи Котбус. Иако имаше многу блескави одбрани, еден од потезите по кој ќе се памти овој чувар на мрежата е бизарниот гол што го прими на 6 април 2002 година.

Енерџи Котбус на свој терен играше против Борусија Менхенгладбах, а домаќините беа на прагот на победа бидејќи водеа со 3:2 на пет минути до крајот. По еден шут на гостите, топката беше одбиена, летна високо во воздухот и делуваше дека ќе биде сигурен плен за Пиплица.

Голманот кој беше на гол-линијата ја следеше топката, но не изреагира. Топката падна директно на неговата глава и заврши во голот. Иако сите очекуваа Пиплица да реагира и да ја фати во своите раце таа топка, на крајот гостите се израдуваа на погодок.

Мечот заврши 3:3, но, за среќа на Енерџи Котбус, тој кикс на Пиплица не беше кобен затоа што тимот успеа да се спаси од испаѓање.

 

- Оглас -

Најнови вести