Се сеќавате ли на првиот црвен картон на Меси? Дебитираше за Аргентина и издржа само 40 секунди (Видео)

Лионел Меси и на ова издание на Копа Америка остана без трофејот и златниот медал. Аргентиан вечерва играше против Чиле во борба за третото место и победи со 2:1. Покрај трите погодоци, мечот го одбележа исклучувањето на Лионел Меси.

Капитенот на Аргентина за малку ќе се степаше со Гари Медел, а судијата реши двајцата фудбалери да ги прати превреме во соблекувалната. За Меси ова беше само втор црвен картон во повеќе од 15-години професионална кариера. Интересно е што и првото исклучување на Меси е во репрезентативниот дрес и тоа во дебитантскиот настап.

Во 2005 година, Аргентина играше контролен дуел против Унгарија, а Меси влезе во игра во второто полувреме, на местото на Лисандро Лопес. За Лео тоа беше првиот настап за Гаучосите, но сигурно нема да го памти по добро. По само 40-тина секунди поминатаи на теренот, Меси беше фаулиран, но Аргентинецот нервозно реагираше и со лакт го удри противникот. Судијата тоа го забележа и му даде директен црвен картон.

 

- Оглас -

Најнови вести