Се случи досега нешто невидено на ЛОИ (Видео)

Аргентинската мечувалка Марија Белен Перес Морис не успеа да стигне до медал на Олимписките игри во Токио, но сепак, засекогаш ќе го памти овој настан. По завршување на нејзиниот настап, додека даваше изјава за телевизија, нејзиниот тренер Лукас Гилермо Сауседо се појави со лист и порака на која пишуваше: „Ќе се омажиш ли за мене?“

Марија беше збунета кога новинарот ѝ рече да се сврти позади. „Само ми рекоа да се свртам, а таму стоеше писмото. Се збунив. Многу сме среќни. Ние со години сме многу добри партнери. Сакаме да го поминеме остатокот од животот заедно. Кога ќе се вратиме во Буенос Аирес, ќе направиме голема прослава“, рече мечувалката која доби изненадување како никој досега.

Сауседо и Перес Морис заедно се повеќе од 15 години, а интересно е што тренерот кој има 51 година, пред 11 години првпат јавно ја побара Марија за жена, но тогаш за одговор доби „не“.

„Првиот пат ми кажа не. Потоа заедно отидовме на кафе и ми рече дека тоа не значи само дека е млада и дека во иднина би можела да се омажи за мене. Беше многу тажна по поразот и тогаш едноставно земав еден лист и пенкало и го напишав тоа“, открива тренерот Сауседо.

 

- Оглас -

Најнови вести