Се случи неверојатното, по повеќе од седум децении соработка и освоени четири светски титули, Германците раскрстија со „Адидас“

По повеќе од 70 години долга и успешна соработка, се случи невозможното, Фудбалската федерација на Германија (ДФБ) и германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ во 2027 година ќе ја прекинат соработката.

 

ДФБ од 2027 година ќе соработува со американскиот производител „Најки“, кој ќе ги облекува сите германски репрезентации. Договорот со „Најки“ ќе трае најмалку до 2034 година. Според директорот на ДФБ, Холгер Бласк, откри дека „Најки“ ја имал најдобрата финансиска понуда, како и дека се обврзал да го промовира аматерскиот фудбал.

Последен голем турнир на кој Германија ќе игра во опрема на „Адидас“ треба да биде Светското првенство во 2026 година, кое треба да се одржи во САД, Мексико и Канада, доколку се квалификува.

Германската репрезентација во опремата на „Адидас“ во машка конкуренција освои четири титули на СП и три на ЕП, додека во женска конкуреција двапати триумфира на СП и дури осумпати на ЕП.

- Оглас -

Најнови вести