Се собраа Ол-стар ѕвезди во Бруклин: Олдриџ е новото име на Мрежичките

Колку Бруклин ја посакува титулата и тоа оваа сезона, потврдува фактот што во тимот полн со ѕвезди додадоа уште еден Ол-стар играч во искусниот центар Ламаркус Олдриџ. Ексчленот на Сан Антонио по завршувањето на преодниот рок го откупи договорот од Спарс и стана слободен играч, по што се договори да го облече дресот на Бруклин до крајот на актуелната сезона.

Олдриџ како седумкратен Ол-стар учесник со своето искуство треба да ѝ помогне на франшизата од предградието на Њујорк да стигне до големото финале и да го преземе тронот од ЛА лејкерс.

Олдриџ во пет и пол сезони како играч на Сан Антонио бележеше просек од 19,5 поени и 8 скока по натпревар, а пред Спарс цели 11 години ги бранеше боите на Портланд. Пред околу еден месец Бруклин го додаде Блејк Грифин во ростерот, во кој веќе имаше четири Ол-стар ѕвезди како Кевинд Дурант, Кајри Ирвинг, Џејмс Харден и Деандре Џордан.

- Оглас -

Најнови вести