Се сомневаа дали е физички подготвен за Серија А – Ел Шарави со спринт го фати крадецот на автомобили во Рим

Стефан Ел Шарави јуначки успеа да спречи кражба на автомобил, денеска попладне во Рим, а популарниот „Фараон“ потврди дека е во одлична кондиција, откако го бркал крадецот до доаѓањето на полицијата.

Новиот член на Рома, кој пристигна од кинески Шангај Шенхуа, забележал човек како го крши стаклото на автомобилот во негова близина и веднаш се дал во спринт за да ја спречи кражбата.

Полицијата набрзо пристигнала и го уапсила човекот што се обидел да влезе во автомобилот и да побегне.

Ел Шарави во зимскиот преоден рок се врати во Рома, клуб за кој играше од 2016 до 2019 и од каде замина за Кина, за да игра за Шангај Шенхуа.

 

- Оглас -

Најнови вести