Се тресеше Истанбул, и на крајот Галатасарај и Фенербахче не дадоа ниту еден гол

Големото дерби на турскиот фудбал меѓу Галатасарај и Фенербахче заврши без голови. Тоа повеќе му одговара на домаќинот, кој ја задржа предноста од шест бода на врвот на табелата во однос на составот на Жозе Мурињо.

Не е дека не беше интересно и дека немаше шанси. Во 67-та минута Александер Џику упати силен удар со глава по корнерот од левата страна, но Фернандо Муслера од втор обид успеа да ја скроти топката.

Галатасарај повеќе внимаваше да не загуби, што на крајот и успеа да го оствари задржувајќи ја предноста на врвот на табелата.

- Оглас -

Најнови вести