Холандскиот прволигаш АЗ Алкмар, се соочува со непосакувани проблеми. Кровот од нивниот стадион „АФАС“ се урна поради силните ветрови кои ја зафатија државата овие денови. Штетата е огромна, бидејќи урнатините паднаа врз голем дел од една од главните трибини, а за среќа на таа страна немало никој, па нема ни повредени.
Добро е што АЗ Алкмар викендов не игра на домашниот терен, туку утре гостува кај Валвијк, па така е избегната многу поголема катастрофа. Сега наместо клубот да се фокусира на претстојната сезона, ќе мора што побрзо да го реши овој проблем и да ги ослободи местата за да можат навивачите слободно да доаѓаат на натпреварите.
https://twitter.com/kaaskijker/status/1160214702221418498?s=09