Се враќа клупскиот фудбал, највозбудливо ќе биде во Италија

Играчите на Спортска прогноза не се покажаа како добри познавачи на репрезентативниот фудбал, па во осмото коло максималниот број погодоци беа 10, од можните 13 мечеви од европските и јужноамериканските квалификации за СП. За наредниот викенд повторно се враќаат клупските возбудувања, па тоа е нова шанса за сите оние кои се во трка за освојување на мобилниот телефон „ајфон 12“, како и вредносните ваучери од Sport Life кои се по 1.000 и 500 денари.

За добивање на главната премија „ајфон 12“, потребно е да имате Среќна 13-ка, а за ваучерите потребно е да имате 11 или 12 погодоци. Секако, треба да прогнозирате во секое коло за да останете во трка за Генералниот пласман.

Од 13-те парови кои се предизвик за прогнозирање во деветото коло, дерби-дуелите се во Италија. Прво е дуелот на „Олимпико“ меѓу Лацио и Интер, а в недела Јувентус во Торино ја пречекува Рома. Интересно ќе биде и во Премиер лигата, каде што шампионот Лестер го пречекува Манчестер јунајтед, а клубот со најбогати сопственици, Њукасл игра против Тотенхем.

Не чекајте, видете ги 13-те парови и веднаш прогнозирајте.

- Оглас -

Најнови вести