Се врати духот на вистинската Стеауа – Навивачите им приредија спектакл пред плејофот за Третата лига (Фото+Видео)

Навивачите на оригиналната Стеауа им приредија спектакл на своите миленици пред стартот на плејофот за пласман во Третата лига.

Во Генчеа дојдоа во голем број за да им посакаат среќа на своите миленици пред двата дуели за пробив во повисок ранг.

ЦСА Стеауа и ФЦСБ се двата субјекти што се родија по судскиот спор што го поведе Армијата на Романија за симболите и статутот на вистинската Стеауа.

ФЦСБ го смени името и под команда на контроверзниот Џиџи Бекали продолжи да игра во Првата лига, но не смееше да го користи оригиналното име Стеауа поради тоа што го загуби спорот со Армијата на Романија.

ЦСА Стеауа почна од најнизок ранг на натпревари и има доста симпатизери што навиваа за поранешниот европски првак Стеауа и сега се надеваат дека ќе се пласираат во Третата лига.

За пласман во повисок ранг треба да бидат подобри од Арѓешул на мечот што ќе се игра утре и од Бараганул во дуелот закажан за петти август.

 

View this post on Instagram

 

Împreună, mai puternici ca niciodată, Mărșăluim către promovarea mult Așteptată #spiritdeluptă

A post shared by Asociația Steliștilor 1947 (@asociatiastelistilor1947) on

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести