Дел од екстремните навивачи на Бершот ВА објавија шокантно видео на кое се пеат навредливи песни против Евреите, а се слуша и нацистичкиот израз „Зиг-хајл“ како загревање пред вчерашниот меч со Андерлехт.
Групата навивачи извикуваат и Хамас, Хамас… и сите Евреи во гасни комори и видеоматеријалот го објавија на „Тик-ток“.
@ultras_belgium_crew Beerschot lads tijdens de wedstrijd Beerschot – RSC Anderlecht #ultrasbelgiumcrew #beerschot #pyro #belgium #ultrasworld #ultras
Антверпен е град во кој живее голема заедница Евреи, кои реагираа, па сега полицијата ги гони навивачите кои се снимаа со нацистичките извици.
Бершот ВА играше вчера против Андерлехт и загуби со 0:7, со што ги губи и онака минималните шанси за опстанок во Првата белгиска лига.