Сè зависи само од еден фудбалер: Можно е одложување на дуелот Барселона – Динамо Киев!

Дуелот меѓу Барселона и Динамо Киев кој утре треба да се игра на „Камп ноу“ во рамките од третото коло во Лигата на шампионите е неизвесен и можно е да се одложи. Причина за ваквата најава се проблемите со кои се соочува гостинскиот тим, а тоа е големиот број на заразени фудбалери. 

Најновото инфо е дека дури деветмина играчи на Динамо Киев засега се пријавени како позитивни на корона-вирусот, а во списокот испратен до УЕФА има 13-мина здрави фудбалери кај гостите. Таа бројка од 13-мина фудбалер е и минимумот што еден клуб ги има за да може да одигра натпревар.

Тоа значи дека ако во следните часови се случи уште некој фудбалер на Динамо да биде позитивен на опасниот вирус, може да дојде до ситуација гостите да го немаат потребниот минимум на играчи за одигрување на средбата.

Денеска е закажано ново тестирање во Динамо Киев и треба да се има уште подобра слика за тоа каква е ситуацијата со корона-вирусот во клубот и дали постои шанса да го имаме и првиот одложен дуел во новата сезона од Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести