Се знае кога ќе има нов спектакл меѓу Тајсон Фјури и Дионте Вајлер

Во понеделник и официјално треба да биде потврдено дека вториот меч меѓу Дионте Вајлер и Тајсон Фјури ќе биде во мај. Двајцата боксери кои никогаш во кариерата не загубиле, имаа спектакуларна борба во декември, која траеше 12 рунди, а на крајот заврши нерешено. Токму поради оваа одлука на судиите, сите со нетрпение го очекуваат вториот меч за да се одлучи кој ќе биде подобар.

На првиот меч, Вајлер успеа двапати да го прати Фјури на подот, но Британецот успеваше да се врати и според многумина, на крајот да биде и подобар, иако не му зададе фатален удар на Вајлер.

„Преговорите за новата борба одат добро. Се очекува до понеделник да се знае дали ќе се знаат деталите. Целта е промотерите секогаш сами да успеат да ја договорат борбата“, откри претседателот на ВБЦ-организацијата, Маурисио Сулаиман.

Според најавите, новата борба на двајцата непобедливи боксери треба да биде на 18-ти мај во Њујорк, но тоа треба да се потврди на почетокот на следната недела.

- Оглас -

Најнови вести