Се знае кој е главна „фаца“, се изнаредија соиграчите да се фотографираат со иконата на Барселона (Видео)

Лионел Меси трпеливо се фотографираше со соиграчите за спомен, со пехарот од Копа Дел Реј, по убедливата победа во финалето со 4:0 против Атлетик Билбао.

Соиграчите на иконата на Барселона чекаа ред и еден по еден доаѓаа кај Меси, кој имаше трпение и се фотографираше за спомен речиси со сите фудбалери што беа на списокот на Роналд Куман за финалето во Севилја.

Video of Barça players queueing up to take a picture of the Copa del Rey trophy with Messi from soccer

Моменти што само ја покажуваат величината на аргентинскиот ас и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Со четири гола во второто полувреме Барселона го декласира Атлетик, го освои омилениот пехар и само си го подобри рекордот во Шпанија со 31 титула во Копа Дел Реј.

 

- Оглас -

Најнови вести