Себалјос ги шокираше фановите на Арсенал, непрепознатлив е (Фото)

Шпанскиот фудбалер Даниел Себалјос, ги остави навивачите на Арсенал во шок, откако на тренинг се појави со фризура каква што никогаш претходно немал. Играчот од средниот ред на Реал Мадрид кој за Топчиите настапува како позајмен, одамна не бил на фризер и пуштил коса, нешто што не е карактеристично за него, бидејќи досега секогаш се појавуваше со „скоцкана“ фризура и кратка коса.

Кога ја видоа фотографијава, навивачите на Арсенал останаа во шок и не им се веруваше дека ова е Дани.

Иако нема премногу сличности, за некои, новиот изглед на Себалјос потсетува на онаа појава на Кристијано Роналдо од пред некој ден.

- Оглас -

Најнови вести