Себалјос ќе се врати на уште една позајмица, Арсенал подготвува уште две изненадувања

Дани Себалјос ќе се врати на „Емирати“ како позајмен играч и уште една сезона привремено ќе го носи дресот на Арсенал. Топчиите ги договорија условите со Реал Мадрид околу потписот на шпанскиот играч за врска, а наскоро ќе има и потврда за старо-новиот ангажман на Арсенал.

Во меѓувреме, сè поизвесен е потписот на Пјер-Емерик Обамејнаг, откако Микел Артета посочи дека го убедиле Габонецот да остане во Лондон. Арсенал исто така во најскоро време треба да го промовира новото засилување, дефанзивецот Габриел Маланхес од Лил.

- Оглас -

Најнови вести