Себалјос му донесе нови проблеми на Арсенал, Кавани ја „полни“ Волчицата (видео)

Арсенал западна во уште поголеми проблеми покрај тоа што губи со два гола разлика на гостувањето кај Вилјареал во првото полуфинале од Лигата на Европа.

Топчиите со 10 фудбалери во финишот ќе бркаат резултат од 2-0, откако Себалјос заработи втор жолт картон и исклучување во 57-та минута. Шпанскиот репрезентативец опасно изрегира нагази на ногата на Парехо при обид да освои посед на топката, а судијата Соареш Дијаш без колебање му покажа правецот на Себалјос кон излезот од теренот.

Прекршокот можете да го видите на следниот ЛИНК.

Во меѓувреме Кавани сам прави пресврт во корист на Манчестер јунајтед против Рома со својот втор гол на мечот, а трет за Ѓаволите и водство од 3-2 по 65 минути игра.

Голот на Кавани можете да го видите на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести