Седлоски си поднесе оставка во Широки Бријег се враќа во Вардар како спортски директор

Гоце Седлоски не успеа да ги спречи поразите на Широки Бријег на почетокот на сезоната, имаше биланс од три неуспеси на три меча и си поднесе оставка, објавија босанските медиуми.

Разделбата се случи по поразот од Челик вчеравечер со 0:1 на домашен терен, а Седлоски воопшто не се појавил на прес-конференцијата по мечот, со што само се потврдуваат шпекулациите дека поднел оставка.

Се најавува негово враќање во Вардар, но сега не како тренер, туку како спортски директор на местото на Дарко Панчев.

Ако се остварат најавите, поранешниот македонски репрезентативец и тренер на Вардар повторно ќе соработува со Александар Васоски, кој сега е шеф на стручниот штаб, а му беше главен помошник во периодот кога Вардар ги освои последните две титули во 2015/16 и следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести