Сидорф предложи ново правило: Казна за фудбалерите ако ја покријат устата

Поранешниот прославен фудбалер Кларенс Сидорф учествуваше во виртуелната дебата на Европскиот собир за справување со расизмот во спортот. Сидорф даде интересен предлог, а тоа е дека на фудбалерите треба да им се забрани да ги покриваат устите со рацете додека зборуваат со противниците или со судиите.

Сидорф го посочи инцидентот од мечот во Лигата на Европа меѓу Ренџерс и Славија Прага, кога дефанзивецот на Славија, Ондреј Кудела, со покриена уста разговараше со противничкиот дефанзивец Глен Камара, кој подоцна го обвини противникот за расистички коментар. Чешкиот фудбалер негираше дека дал расистички коментар.

„Кога зборуваме за спортот, тука мора да биде транспарентно. Зошто тогаш да ги покриваме устите со рацете ако мислиме нешто да му кажеме на противникот или судијата? Доколку разговарате со соиграч или со својот тренер, тогаш е во ред да се покрие устата, но кога ќе се обратиш на судијата или кој било противнички играч, не смее да има покривање на устата. Таквото однесување треба да се санкционира со жолт картон во фудбалот“, вели Сидорф.

 

- Оглас -

Најнови вести