Калин Ивановски игра во топ-форма во финишот на тениската сезона и денеска ја забележа и седмата победа по ред, втора на ИТФ-турнирот во Ерусалим, Израел.
Нашиот најдобар тенисер славеше лесно и убедливо против Ејал Шиовиц со 6:2, 6:1 и се пласира во четвртфиналето на турнирот со награден фонд од 25 илјади долари.
Македонскиот тенисер сега го чека исходот од дуелот меѓу Бар Менахем и Цукерман, двајца Израелци кои играат меѓу себе, а победникот ќе му биде ривал на Калин за полуфинале.
Претходно Ивановски победи на ИТФ-турнирот во Хераклион, Грција, и има серија од 7 победи по ред и сите му се без загубен сет.