Сега е и официјално, Хавиер Маскерано е нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами официјално потврди дека го именувал Хавиер Маскерано за свој главен тренер, потпишувајќи договор до 2027 година.

Аргентинецот Маскерано досега беше селектор на аргентинската У-20 и олимписката репрезентација, а обврските во Мајами ќе ги преземе по добивањето на работна дозвола. Со ова се потврди дека тој ќе го тренира својот сонародник и поранешен соиграч од Барселона и репрезентацијата, Лионел Меси.

„Да можам да водам клуб како Интер Мајами, е чест за мене и привилегија од која ќе се трудам да го искористам максимумот. Бев привлечен од амбицијата на клубот и инфраструктурата што ја има. Со нетрпение очекувам да работам со луѓето во Интер Мајами за да му помогнам на клубот да достигне нови височини и да им подариме на навивачите повеќе незаборавни моменти“, рече Маскерано, кој како играч настапуваше за големи клубови како Ливерпул и Барселона, а во Барса беше соиграч со сегашните играчи на Интер Мајами, Меси, Жорди Алба, Серхио Бускетс и Луис Суарес.
- Оглас -

Најнови вести