За многумина 13-ка е баксузен број, но секако има и такви кои се контра верувањата, па токму тие може да имаат најмногу среќа во 13-тото коло на Спортска прогноза. Нови 13 парови како можност за погодување на Среќна 13-ка и освојување подарок мобилен телефон iPhone XS.
Од понудата за ова коло, најатрактивен е дуелот кој в недела ќе се игра во Мадрид, во кој Атлетико е домаќин на Барселона. Ова е еден од оние мечеви на кои сите три опции се реални, што впрочем и личи за еден дерби-дуел. Барселона во Мадрид секогаш игра со посебен мотив, но Атлетико е тим кој не се предава, без разлика кој е противникот.
Не треба многу да се размислува, прогнозирајте и во ова коло на Спортска прогноза бидејќи на тој начин само ги зголемувате шансите и во трката за Генерален пласман.