Сега и официјално: Зијех потпиша петгодишен договор со Челзи

Иако трансферот беше договорен уште пред десетина дена, Челзи дури вечерва го потврди ангажманот на Хаким Зијех од Ајакс, за кого издовија 45 милиони евра вклучувајќи и бонуси. Мароканецот во првиот ден од јули ќе пристигне на „Стемфорд бриџ“, а денес го стави својот потпис на петгодишниот договор.

„Пресреќен сум и горд на себе што потпишав со голем клуб како Челзи. Со нетрпение ја чекам следната сезона во која се надевам дека ќе редиме што повеќе успеси“, изјави Зијех за официјалната интернет-страница на Челзи.

Зијех е еден од клучните играчи на Копјаниците за успесите кои ги нареди клубот во изминативе неколку сезони, а и оваа сезона со 21 асистенција и осум гола во сите натпреварувања го потврдува квалитетот.

- Оглас -

Најнови вести