Сега има мамка: Симеоне и по третпат ќе го „лови“ Кавани

Атлетико Мадрид по третпат воспостави контакт со агентот на Единсон Кавани околу евентуален ангажман. Јорганџиите уште во јануари, па и претходно летово преговараа со рекордерот на ПСЖ, меѓутоа условите кои ги поставува Кавани околу примањата го спречија Атлетико да го реализира трансферот.

Кавани е слободен играч откако по седум години му заврши соработката со Светците, и веќе извесно време активно бара нова средина. Токму Диего Симеоне е човекот кој му нуди нова авантура, кој пак ќе го искористи Суарес како мамка за да го убеди Кавани да се пресели на „Метрополитано“ и воедно да креира уругвајско дуо со кое ќе им пркоси на водечките Реал Мадрид и Барселона.

Суарес и Кавани повеќе од 10 години ја делат соблекувалната во селекцијата на Уругвај, па нивната конекција може биде од голем придонес за мадридскиот гигант. Дресот на Атлетико ќе може да го облече само доколку прифати пониска плата, а воедно Симеоне ќе мора да се ослободи од Диего Коста, како што претходно го стори тоа со Мората кој заврши во Јувентус.

Во меѓувреме Суарес ги комплетираше медицинските прегледи и наскоро треба да стави потпис на договорот со Атлетико.

- Оглас -

Најнови вести