Сеир на сметка на Де Хеа: И Кариус стана подобар голман од него

Давид де Хеа беше посочен како главен виновник за ремито на Манчестер јунајтед против Челзи, по што „црвените ѓаволи“ речиси сигурно ги загубија шансите за четвртото место и пласман во Лигата на шампиони за следната сезона. Во последниве неколку сезони, Шпанецот се покажа како еден од најдобрите голмани во светот, но сезонава сепак не му е баш за фалење.

Пред една година, главен за терање сеир беше Лорис Кариус кој бранеше во Ливерпул. Кариус направи две големи грешки во финалето од Лигата на шампиони, во поразот на Ливерпул од Реал Мадрид. Потоа, Кариус беше продаден во Бешикташ, каде направи уште неколку кардинални грешки.

Сепак, сега кога ќе се направи статистика, Кариус е подобар голман од Де Хеа. Точно е тоа дека не може да се стават на исто ниво англиското првенство и турското, но бројките се на страната на Кариус.

Де Хеа сезонава прими 53 голови, а Кариус 39. Шпанецот имаше просечна оценка за своите игри од 6,46, а Кариус е со просек од 6,70. Де Хеа има направено четири грешки кои директно влијаеле Манчестер јунајтед да прими гол, а Кариус ниту еднаш не направил таква грешка во првнествен дуел сезонава. Кариус киксираше во мечевите од Лигата на Европа, но не и во тускиот шампионат.

Просечно, Де хеа прима по 1,4 гола на меч, а Кариус по 1,2 голови по меч. Кариумс има и еден одбранет пенал, а Де Хеа нема ниту еден одбранет удар од белата точка. Ако се гледа оваа статистика, Германецот Кариус е подобар голман од Де Хеа, но сепак тоа се само бројки, додека фактичката ситуација е дека Шпанецот вреди многу повеќе од Кариус.

- Оглас -

Најнови вести