Сеир за Солскјер: Го дочекаа еуфорично со песна „Оле со воланот во раце“, сега го праќаат да биде шофер

Оле Гунар Солскјер беше дочекан еуфорично од навивачите на Манчестер јунајтед, од трибините ечеше песна за Оле со воланот во Манчестер јунајтед, или Ole’s at the wheel, но сега со слична парола му се потсмеваат на Норвежанецот по дебаклот од Ливерпул со 0:5.

Има доста навивачи на Манчестер јунајтед што бараат смена на Солскјер веќе подолг период со констатација дека тој сè уште не е дораснат да го води најтрофејниот англиски тим до нова титула во Премиер лигата и до европски трофеј.

Критиките кулминираа по катастрофата што Црвени ѓаволи ја доживеаја од најголемиот ривал во Англија, Ливерпул, екипа што ги разби со петарда на „Олд Трафорд“, па сега повторно во мода е Оле зад воланот, но не во Манчестер јунајтед.

„Статистиката покажува сè. Манчестер јунајтед е екипата со најмногу грешки кои потоа резултирале со удари кон нивниот гол, имаат најмалку дуели во Премиер лигата и се меѓу екипите со најмногу примени голови. Мегваер и Шо играат многу подобро како репрезентативци на Англија отколку тандем во дефанзивата на Манчестер јунајтед. Роналдо требаше да биде исклучен, Погба доби црвен картон, тимот беше недораснат да игра со сериозен противник, ги загубија сите важни мечеви… Треба ли уште да набројуваме. Велат Оле останува зад воланот. Таман на Англија ѝ требаат шофери на камиони“, остро критикиваат новинарите на „Дејли Мејл“.

Алузијата е на кризата со шофери во Англија поради тоа што имаше голем застој со снабдување гориво, а се критикува и одлуката на клубот со 20 англиски круни да го остави Солскјер на клупата.

Проблем за Ѓаволите е што Солсјкер беше претставен како носител на новиот проект и неодамна го продолжи договорот со клубот до 2024 година, па тешко дека ќе добие отказ иако поразот од 0:5 од Ливерпул е катастрофален за сите што Манчестер јунајтед им е при срцето.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести