Секој може против секого, само еден клуб ќе има посебен режим

Динамо Загреб, каде што капитен е македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, е еден од клубовите кои попладнево ќе ја чекаат осминафиналната ждрепка во Лигата на Европа. Традиционално, во 13 часот во Нион ќе бидат познати паровите за следната рунда во второто по ранг натпреварување во Европа.

На оваа ждрепка нема да има поделба на клубовите на носители и неносители. Едноставно, секој може да се падне против секого. Единствено исклучок е Динамо Киев. Украинскиот клуб не може да добие руски противник (поради политичките несогласувања на двете земји). Сите останати опции се во игра.

Место во осминафиналето обезбедија: Салцбург, Динамо Загреб, Арсенал, Ајнтрахт Франкфурт, Наполи, Зенит, Севилја, Валенсија, Вилјареал, Интер, Спарта Прага, Краснодар, Рен, Динамо Киев и Бенфика.

Мечевите во осминафиналето на Лигата на Европа се закажани за 7-ми и 14-ти март.

- Оглас -

Најнови вести