Секоја чест на тоа што го направи четирикратниот светски првак (Видео)

Себастијан Фетел покажа што значи да се биде општествено одговорна спортска ѕвезда откако по завршувањето на трката во Силверстоун  реши да помогне на оние кои го чистеа ѓубрето што 140.000 навивачи го оставија зад себе на трибините.

Фетел не успеа да ја заврши трката за Големата награда на Велика Британија, но остана расположен, но и одговорен, па беше еден од оние кои со кеса во рацете го собираше ѓубрето од трибините. Германецот беше светски првак во Ф1 во 2010, 2011, 2012 и 2013 година, а на патеката Силверстоун има победи во 2009 и 2018 година.

Вчера на трката на Силверстоун победи Луис Хамилтон во трка која за многумина беше контроверзна поради излетувањето на лидрот во генералниот пласман Макс Верстапен.

- Оглас -

Најнови вести