Селекторот Ангеловски е можен нов тренер на Џенова, Пандев ќе игра и следната сезона!?

Селeкторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, е можно да седне на клупата на Џенова во следната сезона. Ова се најавите од италијанските медиуми, кои сепак се на база на шпекулација, но тоа не значи дека не може да се остварат.

Џенова имаше добра сезона откако успеа да се спаси од испаѓање, а тоа автоматски значи и продолжување на договорот на актуелниот стратег Давиде Балардини. Меѓутоа, Балардини е во конфликт со челниците на клубот и тоа може да доведе до негово заминување.

Од друга страна, Ангеловски се наведува како можен наследник на Балардини, потег со кој треба да се натера и Горан Пандев да остане во Џенова и во следната сезона. Пандев најави дека планира да оди во пензија ова лето, но сепак неговата одлука не е конечна. Со евентуалното доведување на Ангеловски во Џенова, можно е Пандев полесно да се реши да остане уште една сезона во италијанскиот тим.

За помалку од 20 дена, Ангеловски од клупата и Пандев на терент ќе бидат главни предводници на Македонија, на историското прво Европско првенство за нас.

 

- Оглас -

Најнови вести