Селекторот му удри шлаканица на фудбалерот, а вели дека само го „погалил“ (Видео)

Селекторот на младата репрезентација на Израел за играчи до 21 година, Гај Лузон, се најде во центарот на вниманието поради еден потег на мечот во плејофот за пласман на ЕП против Ирска.

Лузон видно изнервиран, го повика својот играч Зив Морган за да му даде инструкции, но не само што беше вербално груб, туку во еден момент и му удри шлаканица на младиот фудбалер.

„Што се случи со Морган? Го погалив. Тоа не е шамар. Кога удирам шлаканици, тоа се чувствува. Јас го галев со љубов, тоа беше милување“, вели Лузон, кој додаде дека на крајот на мечот му дал и колач на Морган и дека му мисли само најдобро.

Дали тоа беше милување, проценете сами, погледнете ја снимката:

- Оглас -

Најнови вести