Селекторот на Аргентина со лекција за фудбалерите дека не смее да „летаат во облаци“

Фудбалска еуфорија ја тресе Аргентина веќе неколку месеци откако оваа селекција стигна до светската титула на Мундијалот во Катар. Гаучосите повеќе од три и пол децении чекаа за да се израдуваат на третиот планетарен трофеј.

Лионел Меси беше предводникот на теренот, а Лионел Скалони од клупата ги влечеше конците и тоа се покажа како одличен тандем на крајот од турнирот во Катар. На стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес, Аргентина ќе биде домаќин на Панама во пријателски меч, прв по освоената светска титула. За оваа средба имашр над два милиони барања за билети, а само малку повеќе од 60.000 ќе имаат во можност во живо да ги поздрават планетарните прваци.

Селекторот Скалони сепак потенцира дека неговите фудбалери мора да бидат смирени и да не „летаат во облаци“.

„Точно е дека сме светски прваци, но тоа што сме победиле на неколку дуели, не значи дека може да правиме што сакаме. Тоа мора да го сфатат играчите. Сега започнува нов циклус и мора да продолжиме да работиме. Секој меч е посебен и се решава само на теренот“, рече Скалони.

 

- Оглас -

Најнови вести