Селекторот на Холандија крои чудна тактика: „Може да е добро да загубиме од Македонија“

Селекторот на холандската репрезентација Франк де Бур вчера го објави конечниот список од 26 играчи со кои ќе атакува на титулата на Европското првенство. Холандија секогаш била меѓу фаворитите за висок пласман, па и сега се високи амбициите на Лалињата.

Де Бур верува дека неговата репрезентација лесно ќе ја помине групната фаза и очекува три победи, но сепак прави калкулации за тоа што би било подобро да добие во нокаут фазата. Селекторот на Холандија дури ги предвиде и резултатите на Холандија во групната фаза.

„Уште по првите две кола ќе обезбедиме место во осминафиналето на ЕП. Прво ќе играме со Украина и ќе победиме со 3:1, а потоа со 2:1 ќе славиме и против Австрија. Против Македонија во третото коло ќе победиме лесно со 3:0. Сепак, можеби е подобро и да загубиме од Македонија, затоа што ако сме први ви групата, ќе играме со ривал од „групата на смртта“ каде што се Франција, Португалија и Германија. Ако завршиме како трети ќе добиеме многу полесен ривал, но идеално би било да сме втори во групната фаза“, вели Де Бур во своите калкулации.

 

- Оглас -

Најнови вести