Селекторот на Италија е посебно мотивиран за четвртфиналето против Белгијците

Италија и Белгија треба да приредат спектакл во четвртфиналното дерби како две репрезентации кои досега на ЕП најмногу импресионираа.

Овој меч ќе биде посебен за селекторот на Аѕурите, Роберто Манчини, бидејќи во него ќе бара одмазда против човекот кој го чинеше отказ кога Италијанецот седеше на клупата на Манчестер сити.

Имено, последната средба на двајцата селектори се случи пролетта 2013 година, кога моќните Граѓани се сретнаа со веќе испаднатиот Виган во финалето од ФА купот. Аутсајдерот го освои Купот со гол во 90-тата минута на Ватсон, по што Роберто Мартинес испиша историја со Виган, а само два дена по тој шок Манчини беше разрешен од клупата на Сити.

За да докаже дека е подобар стратег со име Роберто, Манчини ќе треба да смисли тактика како да се надигра најдобрата селекција во светот според ранкингот на ФИФА. Четвртфиналната пресметка е закажана за 2 јули и ќе се игра на „Алијанц арената“ во Минхен.

- Оглас -

Најнови вести