Селекторот на Португалија затајувал данок, мора да и врати милиони на државата

Португалскиот арбитражен суд го прогласи селекторот на фудбалската репрезентација на оваа земја, Фернандо Сантош за виновен за затајување данок.

Португалските медиуми пренесуваат дека Сантош добивал плата од фудбалската федерација на Португалија (ФПФ) преку компанијата „Фемакоса“, која е основана токму од селекторот и неговата сопруга Гилјермина.

Судот одлучи дека Сантош и неговата сопруга мора да вратат 4,5 милиони долари во државниот буџет поради затајување на данок и казни. Арбитражниот суд исто така ја казни и фудбалската федерација на Португалија бидејќи била соучесник во затајувањето на данок, со тоа што се согласила да му ја исплаќа платата преку компанијата „Фемакоса“.

Сантош пред судот изјави дека бил сопственик на компанијата „Фемакоса“ уште пред да стане селектор на Португалија и додаде дека дури по консултација со адвокати одлучил платата да ја прима преку неговата компанија. Тој изјави дека ќе ја почитува одлуката на судот и ќе ги врати парите во државнито буџет иако смета дека е невин.

Фернандо Сантош од 2014 година е селектор на Португачија и најголем успех му е триумфот на Европското првенство во 2016 година.

- Оглас -

Најнови вести