Селекторот на Сенегал „распали“ по Клоп: Ти си големо ништо без играчите од Африка

Репрезентативната пауза претставува голем проблем за тренерите на клубовите, а Јирген Клоп отиде еден чекор понатаму.

Предводникот на Ливерпул речиси два месеци ќе биде без неколку играчи поради АФКОН, односно Афричкиот куп на нации.

Клоп пред неколку денови го нарече овој турнир „мал и безначаен“ што предизвика големо негодување во Африка, а доби жесток одговор од својот колега, селекторот на Сенега Алиу Сисе.

„Јас го обожавам Ливерпул, ама не и Клоп кој стана добар тренер благодарение на Салах, Мане, Матип и Кеита, а воедно и ги потценува афричките селекции.

Само да го потсетам дека тој стана добар тренер и успеа да освои титули благодарение на играчите од Африка, а без нив го губеше секое големо финале и немаше никаков успех.

АФКОН има 24 репрезентации исто како и нивното Европско првенство, квалитетот на селекциите е речиси ист, а Клоп нека подразмисли добро што ќе каже нареден пат“ изјави Сисе.

Афричкиот куп на нации стартува на 9. јануари, а финалниот натпревар ќе се одигра на 6 февруари, а организатор на ова изданије ќе биде Камерун.

 

- Оглас -

Најнови вести