Интер Мајами е блиску до сензационален договор со кој би го довел Каземиро во МЛС-лигата по неговото заминување од Манчестер јунајтед. Легендарниот бразилски играч од средниот ред наводно ја избрал Јужна Флорида како посакувана дестинација, што отвора пат за повторно обединување со неколку поранешни ривали и соиграчи во САД.
Ветеранот на Манчестер јунајтед ја донел својата одлука. По заминувањето од „Олд Трафорд“ ова лето, Каземиро го избрал Интер Мајами како свој нов клуб.
Со овој трансфер, бразилскиот репрезентативец би се приклучил на ѕвездниот состав во кој веќе се Лионел Меси, Родриго де Пол и Жерман Бертераме. И покрај интересот од повеќе страни, амбициозниот проект во МЛС-лигата се покажал како најпривлечен за петкратниот освојувач на Лигата на шампионите.
Сепак, трансферот не е без пречки бидејќи ЛА галакси ги држи т.н. „права за откривање“ на бразилскиот играч. Според МЛС-правилата, ЛА галакси има приоритет во преговорите и се обидувал да го убеди Каземиро да се пресели во Калифорнија, одржувајќи повеќе разговори и испраќајќи понуди.
Овој механизам постои за да спречи клубовите од МЛС-лигата меѓусебно да ја зголемуваат цената на играчите. Сепак, инсистирањето на Каземиро да оди во Мајами довело до застој.
Доколку договорот се реализира, Интер Мајами веројатно ќе мора да му плати компензација на ЛА галакси.

