Селекторот на Камерун, Ригоберт Сонг, денеска го соопшти составот на фудбалерите кои ги повика да бидат дел од Светското првенство во Катар. Додека Сонг ги читаше имињата на фудбалерите, се случи комична ситуација затоа што селекторот едноставно не ги знаеше точните имиња и презимиња на фудбалерите кои тој ги повикал.
На неколку од имињата кои требаше да ги каже, Сонг добиваше корекции од новинарите. „Хммммм, Свадибу“, читаше со мака Сонг, а потоа еден од новинарите го коригираше и му посочи дека репрезентативниот напаѓач се вика Сваибу. Слична беше ситуацијата и за некои други фудбалери.