Селекторот објасни зошто Роналдо ќе остане капитен на Португалија

Селекторот на португалската репрезентација Фернандо Сантос вели дека Кристијано Роналдо и понатаму е пример и идол на многу навивачи и дека тој ќе остане капитен на националниот тим. Во финишот на дуелот против Србија во Белград, Роналдо непрофесионално реагираше кога судиите не му го признаа голот со кој Португалија требаше да победи.

Капитенот на Португалија лут излезе од теренот пред да заврши мечот и ја фрли капитенската лента. И покрај тој испад, Сантос вели дека Кристијано останува капитен на англискиот европски првак.

„Тоа беше момент на фрустрација. Кристијано останува капитен, тој е играч за пример. Со својот потег не ги навреди ниту соиграчите, ниту тренерот. Тој е играч кој секогаш сака да победува и секогаш го дава максимумот во националниот дрес. Едноставно беше лут“, рече селекторот на Португалија, Сантос.

Португалија има четири бода од два меча во квалификациите, а следниот ривал им е Луксембург.

 

- Оглас -

Најнови вести