Селта конечно ја прекина серијата од 12 натпревари без победа (Видео)

Фудбалерите на Селта ја совладаа Гранада со 1:0 во рамки на 17-то коло во Ла Лига и конечно ја прекинаа неверојатната серија од дури 12 меча без победа во шпанскиот шампионат.

Последниот триумф Селта го оствари на први септември кога како гостин беше подобра од Алмерија со 3:2, но оттогаш забележа по шест порази и ремија.

Најзаслужен за прекинувањето на лошата серија е Јорген Ларсен кој единствениот гол го постигна во 20-та минута.

Со победата Селта скокна на 17-то место на табелата со 13 освоени бодови, додека Гранада остана претпоследна со само осум освоени бодови.

- Оглас -

Најнови вести