Селтик и Марибор треба да направат шоу со голови

Селтик – Сараево (20:45 ч.)

Селтик уште на првиот меч на гости ја заврши работата, откако победи со 3:1 во Сараево. И покрај тоа што не се работи за атрактивен ривал, шкотскиот првак се очекува да има поддршка од околу 50.000 навивачи на својот стадион, кои ќе стигнат да ја видат силата на новата екипа, во пресрет на сезоната која следи.

Токму навивачите треба да бидат дополнителен мотив за Селтик да одигра уште еден ефикасен меч и да донесе радост на „Селтик парк“ во Глазгов. Погодоците не треба да изостанат, а Селтик на крајот убедливо да победи.

Предлог тип: Т1 3-5 (2.10) – квота на денот во Sport Life

 

Марибор – Валур (20:15 ч.)

Нешто слично како Селтик, и Марибор во првиот меч на гости ја заврши работата против исландскиот шампион Валур. Словенците победија со 3:0 и на стадионот „Људски врт“ во Марибор треба да биде само престава за мерак на домашните навивачи.

Освен за бодови на европското конто, Марибор ќе треба да победи и за да се извади за неочекуваниот пораз од Триглав во првото коло од домашното првенство. Валур е тим кога игра, често има и повеќе од два погодоци.

Предлог тип: 1 &2-4 (2.20) – квота на денот во Sport Life

 

Тунис – Нигерија (21 ч.)

Ова е меч кој треба да ја даде третопласираната репрезентација на Африканскиот куп на нациите. Најчесто на ваквите дуели победува оној тим кој ќе собере повеќе мотив за игра затоа што веќе немаат шанса да се борат за златото и ова е само „утешно мало финале“.

Неверојатна е низата на меѓусебни средби, која вели дека на последните пет мечеви немало победник по 90 минути игра, односно ремито е како загарантирано. На четири од тие пет средби немало повеќе од два гола. Ако се гледа според звучноста на имињата на двете селекции, мала предност има Нигерија, но тоа не мора ништо да значи.

Предлог тип: Х2&0-2 (2.20) – квота на денот во Sport Life

 

Клуж – Астана (20 ч.)

Ова е еден од ретките дерби-дуели во оваа фаза од квалификациите во Лигата на шампионите. Астана во Романија носи позитива од еден гол, но Клуж сега ја има предноста на домашен терен. На девет од последните 10 средби кои Клуж ги има одиграно, нема повеќе од два погодоци (дури седум се со 0-1 гол).

Тоа значи дека се очекува неизвесен дуел до самиот финиш, па дури и да има продолжувања доколку Клуж победи само со 1:0.

Предлог тип: Х-Х/Х-1 (2.25)

 

АИК – Арарат (19 ч.)

Едно од поголемите изненадувања беше победата на Арарат против шведскиот тим, кој важи за голем фаворит во овој двомеч. Победата од 2:1 на Арарат дава надеж дека може да направи изненадување, но на АИК му е доволно само еден гол за да ја анулира негативата.

Арарат има шест победи по ред, но повеќе од очекувано е денеска да загуби. Сепак, и гостите ќе се обидат да постигнат погодок, па најдобро е да се игра на погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.67)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести