Селтик и ПСВ „ќе газат“, голови ќе има во Стразбур и Торино

Целиме на добитни Типстерски совети во серија. Вчера излегоа „пет од пет“, а дали и мечевите од Лигата на Европа ќе донесат среќа за нашите редовни читатели и обложувачи, ќе видиме по 11 часот.

ПСВ Ајндховен – Аполон Лимасол (20:30ч – плејоф, Лига на Европа, прв натпревар)

Холандскиот вицепрвак разочара против Базел во квалификациите за ЛШ, па учеството во групите во второто европско клупско првентство ќе му биде утеха. Аполон треба да биде лесен предизвик за ПСВ, што значи дека домаќините ќе се обидат уште во првиот меч да го решат победникот од овој двомеч.

Претходно немале прилика да ги одмерат силите, мечот на „Филипс арената“ ќе се запише како прв меѓусебен дуел на ПСВ и Аполон. Холанѓаните веќе воспоставија стабилна форма по стартот на нивното домашно првенство и од претходното квалификациско коло против Хегесунд, така што вечерва ќе бидат на потребното ниво за да запишат сигурна победа.

Предлог тип: T1 1+I & Т1 2+ (1.90)

 

Селтик – АИК (20:45ч – плејоф, Лига на Европа, прв натпревар)

Како и ПСВ, така и Селтик не се избори за пласман во европската елита, па затоа против АИК триумф е единствена опција за Келтите. Важно да се учествува на меѓународната сцена, а европски мечеви без култниот„Селтик парк“ не е исто. Формата од шкотското првенство Селтик ќе ја пренесе и во дуелот против шведскиот претставник со кого вечерва за првпат ќе ги одмери силите, а фаворитскаста улога треба да биде доволна за да се дојде до посакуваниот резултат.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.75)

 

Партизан – Молде (21ч – плејоф, Лига на Европа, прв натпревар)

Партизан доста се намачи против турскиот тим на Јени Малатија, а и во плејофот им се падна противник против кого ќе треба да одигра два квалитетни дуели за да обезбеди пласман во групната фаза. Црно-белите треба да ја искористат оваа прилика на домашен терен, со големата поддрша која ќе ја добијат од трибините, да се изборат за резултат со кој полесно би го пречекале реваншот.

Молде е непознат противник на Партизан, така што ако српскиот тим не се подготвил добро на тактички план, на познатиот стадион „ЈНА“ може да се случи непосакувано изненадување.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.15)

 

Стразбур – Ајнтрахт Франкфурт (20:30ч – плејоф, Лига на Европа, прв натпревар)

Едно од најпријатните изненадувања во Франција од минатата сезона ќе се соочи со минатосезонскиот полуфиналст во Лигата на Европа. Стразбур и Ајнтрахт е пар од којшто се очекуваат два возбудливи дуели. Отворен фудбал играат двете екипи, а Гермаците беа меѓу најефикасните екипи во ланската сезона.

Иако ги загубија главните голгетери, Јовиќ и Алер, Ајнтрахт има нови сили на кои ќе се потрпре и уште во Франција да издвои резултат кој ќе им одговара во пресрет на возвратниот дуел. Тимот од Франкфурт има поголеми шанси за пласман понатаму само поради поголемото искуство, но дебитантите секогаш се топло пречекани од фудбалска Европа.

Предлог тип: 1-2I & 1-2II (2.70)

 

Торино – Вулверхемптон (21ч – плејоф, Лига на Европа, прв натпревар)

Можеби ова е најзвучниот пар кој ќе се соочи во оваа плејоф-рунда. Калчолигаш против премиерлигаш, не може да не се очекува возбуда, но и изненадувања. Волците повеќе од 30 години чекаа на пласман во еден од европските купови, а како што тргнаа од првото квалификациско коло, групите и не се толку невозможна мисија.

Но, Торино е тврд тим, кој на посилните италијански екипи редовно им прави проблеми, што значи дека тоа може да ги снајде и Волците. Дуото во нападот Белоти-Заза ќе биде најголема закана по голот на Патрисио, но Вулверхемптон ќе се потрпе на португалскиот талент и ќе бара начин да го возврати ударот.

Предлог тип: ГГ3+ (2.62)

 

- Оглас -

Најнови вести