Семејството на Бин Ладен го финансирало Шефилд јунајтед?

Судски спор помеѓу сопствениците на Шефилд јунајтед и принцот на Саудиска Арабија, кој исто така има 50 отсто од акциите во клубот, потврдил дека семејството на поранешниот лидер на терористичката Ал Каеда, Осама бин Ладен, го финансирало клубот кој неодамна се пласираше во Премиер лигата.

Еден од сведоците во спорот рекол дека клубот примил 3,5 милиони евра од проект кој се поврзува со семејството на Бин Ладен, кој беше убиен во 2011 година. Правниот тим на Саудијците тврди дека газдата на Шефилд знаел за потеклото на парите, а тоа се криело од јавноста за да нема негативни реакции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести